Работна посета на делегација од Агенцијата за катастар на Косово

Работна посета на делегација од Агенцијата за катастар на Косово

Денеска, на 22 јануари, во посета на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија беше делегација од Агенцијата за катастар на Косово, предводена од директорот Авни Ахмети.

По воведот и поздравниот говор на директорот на АКН, Борис Тунџев, од македонска страна беше презентиран проектот за гравиметрија, а потоа беа презентирани и состојбите со „Макпос“ и „Мактранс“ во Македонија.

После плодната дискусија беше разговарано и за остварување на соработка меѓу двете институции и следните чекори што ќе бидат преземени од страна на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија и од Агенцијата за катастар на Косово.