Претставници од УИПР и македонските судови, на обука за еКат шалтер

Претставници од УИПР и македонските судови, на обука за еКат шалтер

Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, продолжува со серијата планирани обуки. На 21 декември, во тренинг центарот М6, беа одржани две обуки, во два термина. На првата, од 9.30 часот, присуствуваа претставниците од Управата за имотно правни работи, а на втората, од 12.30 часот, претставници од судовите.

На двете обуки темата беше еКат шалтер, односно новините кои се применети во оваа апликација.

Поради тоа што посетителите се корисници на еКат шалтерот, презентациите предизвикаа голем интерес, имаше голем број на прашања и се разви дискусија во однос на темите обработени во презентациите на претставниците на АКН.