Oбука наменета за овластените геодети од Република Македонија

Oбука наменета за овластените геодети од Република Македонија

Во петокот на 14 декември, во просториите на едукативниот центар М6, во Скопје, Агенцијата за кататстар на недвижности на Република Македонија одржа обука, која беше наменета за овластените геодети од Република Македонија.

Ова беше четврта, задолжителна обука, која ги обработуваше темите:

  • Измени на Законот за катастар на недвижности и
  • Трансформација на координати

Пред полната сала беа презентирани овие две многу битни теми, по што се разви плодна дискусија во врска со овие актуелни прашања.