Пристигна првиот дел од отпечатените топографски карти

Пристигна првиот дел од отпечатените топографски карти

Во петокот, на 14 декември 2018 година, Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија го доби првиот дел од планираните испечатени топографски карти во размер 1:100.000 и 1:200.000. Овие карти се испечатени во над петнаесет илјади примероци, од страна на Генералниот директорат за картирање на Република Турција, при Министерството за одбрана на Република Турција.

Печатењето на овие карти, кои ги подготви Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, е во рамките на Меморандумот за соработка кој АКН го потпиша со Генералниот директорат за картирање на Министерството за одбрана на Република Турција. Дел од овие карти, ќе бидат доставени и до Министерството за одбрана на Република Македонија за нивни потреби.

Дополнително, во следниот турнус, Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија ќе подготви за печатење топографски карти во размер 1:50.000 и 1:25.000, кои исто така, ќе ги отпечати Генералниот директорат за картирање на на Министерството за одбрана на Република Турција.