АКН одржа обуки за професионалните корисници на тема „еКат шалтер – поднесување на барања за инфраструктурни објекти“

АКН одржа обуки за професионалните корисници на тема „еКат шалтер – поднесување на барања за инфраструктурни објекти“

Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, на 29 ноември одржа обука за нотарите и извршителите – во еден, како и за претставниците на општините – во друг термин, во врска со користењето на апликацијата еКат шалтер.

Со оваа надградена апликација, АКН им овозможува на професионалните корисници, да можат електронски да поднесуваат барања за издавање на податоци за инфраструктурни објекти и да поднесуваат барања за промени и запишување во катастарот на инфраструктурни објекти како дел од катастарот на недвижности.

Над 200 посетители, професионални корисници, ја посетија обуката на тема „еКат шалтер – поднесување на барања за инфраструктурни објекти“ и ја проследија презентацијата во врска со користењето на оваа апликација која сега има нови функции, по што се разви дебата и беа поставени доста прашања на кои беше даден одговор.