Холандските експерти од проектот СПАТИАЛ во посета на АКН, одржана и работилница со корисниците на картографски производи

Холандските експерти од проектот СПАТИАЛ во посета на АКН, одржана и работилница со корисниците на картографски производи

Агенцијата за катастар на недвижности го имплементира проектот СПАТИАЛ (Strengthened Professional Access to Information About Land), финансиран од холандската влада, чија цел е јакнење на капацитетите на АКН во делот на воспоставувањето на националната инфраструктура на просторни податоци (НИПП), адресниот регистар и картографијата.

Холандските експерти задолжени за компонентата картографија, се во посета на АКН во периодот од 26 до 28 ноември. Тие на 27 ноември одржаа работилница со претставниците на институциите и компаниите корисници на топографски карти и други картографски производи. На работилницата, АКН, од своја страна, ги информираше присутните за досегашните активности во изработката на топографските карти во различни размери, за идните планови за работа и новините кои ќе следуваат.

Присутните на работилницата пак, имаа прилика да ги кажат своите ставови за квалитетот и ажурноста на топографските карти, за услугите кои ги нуди АКН, ценовната политика и слично, како и потребите и очекувањата во однос на продукцијата на топографски карти и други картографски продукти.