Работна средба со претставници на Синдикатот на УПОЗ

Работна средба со претставници на Синдикатот на УПОЗ

На 8 ноември, директорот на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, Борис Тунџев се сретна со претставниците на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија – УПОЗ, предводени од претседателот – Пецo Груjoвски.

Синдикатот на УПОЗ е доброволна, самостојна и интересна организација на вработените во органите на државната управа, правосудните органи и здруженијата на граѓани. Во него се организирани вработените во телата на државната и локалната власт, како и државните институции, меѓу кои и Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија.

Синдикатот на УПОЗ е формиран заради изразување и остварување на посебните и колективните интереси, подобрување на економските, социјалните, материјалните и други интереси и подобрување на правата од работен однос, што всушност беа и темите за разговор на средбата, со акцент на Колективниот договор.