Почнувајќи од 1 јануари 2019 година, АКН судските одлуки ќе ги прима исклучиво во електронска форма

Почнувајќи од 1 јануари 2019 година, АКН судските одлуки ќе ги прима исклучиво во електронска форма

Во интерес на граѓаните и корисниците, при остварување на нивните права, како и за надминување на опасноста од можни злоупотреби, Агенцијата за катастар на недвижности ја поддржа имплементацијата на електронскиот шалтер во судовите и претстојното електронското поврзување на АКН со судовите.

Во врска со оваа електронска комуникација и поврзување, Агенцијата за катастар на недвижности, до судовите веќе испрати два дописи во јуни и во ноември 2018 година, а планира и одржување на обука на почетокот на декември 2018 година.

Поради сево ова, а согласно обврските кои произлегуваат од Законот за катастар на недвижности, сакаме да информираме дека почнувајќи од 1 јануари 2019 година, Агенцијата за катастар на недвижности судските одлуки ќе ги прима исклучиво во електронска форма, со доставување преку електронскиот шалтер.