Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија на јубилејот на ФИГ и Интернационалната интердисциплинарна конференција од 7 до 9 ноември 2018 година во Атина

Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија на јубилејот на ФИГ и Интернационалната интердисциплинарна конференција од 7 до 9 ноември 2018 година во Атина

Меѓународната федерација на геодети ФИГ го одбележа јубилејот 140 години од основањето. ФИГ е основана во 1878 година во Париз како организација која обезбедува геодетските дисциплини и геодетската практика да ги задоволат општествените потреби. На меѓународната интердицсиплинарна конференција која се одржа во периодот од 7 до 9 ноември 2018 година во Атина учествуваше и делегација од Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија.

На темата „Економија, општество и климатски промени. Влијанието на мегатрендовите во градење на животната средина, градежништвото и катастарот“, беа споделени професионални искуства, научни сознанија и идеи за влијанието на трендовите во животната средина, градежништвото и катастарот.

Во 26 сесии, излагање имаа шеесетина предавачи. Покрај презентациите на професорите од универзитетот Сорбона од Париз и техничкиот универзитет од Минхен, како и презентациите на претседателот на ФИГ, директорот на меѓународната служба од Норвешката агенција за картографија, претседателот на Советот на европските геодети ЦЛГЕ и претседателот на Работната група за земјишна администрација при Европската економска комисија на Обединетите нации, кои беа од посебен интерес за нашата делегација, во рамките на конференцијата претставниците од Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија одржаа и неколку работни состаноци.