Годишно собрание на Еурогеографикс

Годишно собрание на Еурогеографикс

Генералното собрание на Еурогеографикс (Европска асоцијација на национални организации за катастар, регистрација на земјиште и картографија), се одржа од 7 до 10 октомври 2018 година во Прага, Република Чешка.

Тема на овогодишното собрание беше „Стратешката важност на Европските локациски сервиси (ЕЛС)“. Во нејзини рамки беа одржани повеќе презентации, но и тркалезни маси на кои секоја национална агенција го презентираше својот став за проектот Европските локациски сервиси. Беше разгледано и идното позиционирање на Еурогеографикс како организација, нејзината улога во презентирањето на сопствените членки пред телата на Европската комисија и други професионални организации.

Во рамките на Собранието се разгледуваа оперативниот план и буџетот за 2019 година. Беше извршен избор на нови членови во Управниот одбор на Еурогеографикс. Во Управниот одбор сега партиципираат преставници од националните агенции за катастар, регистрација на земјиште и картографија од Кипар, Данска, Украина и Холандија. Досегашниот претседател на Еурогеографикс г-ѓа Ингрид Ванден Бергхе, која претседаваше со асоцијацијата два мандата, се повлече од функцијата. За нов претседател беше избран г. Колин Браун кој доаѓа од Ирската национална катастарска и картографска асоцијација (Ordnance survey).

Во Еурогеографикс членуваат 60 организации за катастар, регистрација на земјиште и картографија од 45 земји од Европа, меѓу кои е и Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, која со своја делегација зеде учество на ова Генерално собрание.