Изборно Собрание на ЦЛГЕ

Изборно Собрание на ЦЛГЕ

Барселона беше домаќин на Второто годишно Собрание на ЦЛГЕ (Совет на геодети на Европа), кое се одржа од 4 до 6 октомври. На ова, изборно Собрание беа избрани нов претседател, генерален секретар, како и петмина потпретседатели. По третпат за претседател на ЦЛГЕ е избран Морис Барбиери.

Република Македoнија имаше свои претставници на овој голем геодетски собир. Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија се претстави со соодветна презентација, а претседателот на Комората на овластени геодети се обрати по повод одржувањето на Првото собрание на ЦЛГЕ во 2020 година во Република Македонија.

АКН, од оваа година, на ова Годишно Собрание, стана придружна членка на ЦЛГЕ, за што доби сертификат во кој е наведено оригиналното име на институцијата.

На маргините на конференцијата се остварени поголем број средби и состаноци, како со претставниците на ЦЛГЕ, така и со останатите присутни геодети од другите држави.