Соработка помеѓу двете држави, во однос на заедничката граница

Соработка помеѓу двете држави, во однос на заедничката граница

Во периодот од 24 до 28 септември, стручни лица од Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, заедно со претставници од Република Грција, работат на обележувањето на граничната линија помеѓу двете држави, долж Дојранското Езеро.

На 24 септември, Секторската мешовита гранична комисија со Република Грција, за Граничниот сектор број 1, имаше договорен состанок во врска со планираните активности. Ќе биде направена контрола на положбата на постојните гранични пливки, корекција на изместените гранични пливки и поставување на нови гранични пливки на локациите на исчезнатите гранични пливки.

Геодетските работи од македонска страна ги извршува Секторот за геодетски работи при Агенцијата за катастар на недвижности.