Конференцијата ИНСПИРЕ 2018 со наслов „Да работиме заедно“

Конференцијата ИНСПИРЕ 2018 со наслов „Да работиме заедно“

Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, како членка на Советот на Нациoналната инфраструктура на просторните податоци на Република Македонија (НИПП) и надлежна институција за воспоставување, одржување и обезбедување на јавен пристап до геопорталот за НИПП за одржување на услуги за метаподатоци, регистар на метаподатоци и обуки поврзани со нив, беше учесник на конференцијата ИНСПИРЕ 2018. Конференцијата се одржа од 18 до 21 септември 201 година, во Антверп, Белгија под наслов “Make it work together” („Да работиме заедно“), а во организација на Европската комисија, заедно со Холандија и Белгија како земји членки на Европската Унија.

Целта на конференцијата беше да се продлабочи соработката меѓу членките на Европската Унија и оние што се обврзале да ја имплементираат ИНСПИРЕ директивата, за што согласно законот за НИПП на Република Македонија е задолжена Агенцијата за катастар на недвижности. Беа разменети искуства во имплементација на Директивата и беа идентификувани нови политики и иницијативи поврзани со неа, а во однос на слободно споделување на геопросторни податоци и информации на сите нивоа (од локална самоуправа до меѓународна размена на податоци).

Сега, откако имплементацијата на ИНСПИРЕ директивата и бројните научни, зелени и технички иницијативи се созреани, потребно е тие да бидат ефективно евалуирани и да се користат, а земјите членки на ЕУ и останатите земји кои се обврзале да ја имплементираат ИНСПИРЕ директивата, меѓу кои и Република Македонија, да работат во корист на општеството и економијата, споделувајќи и користејќи ги податоците, согласно правилата и принципите на кои се темели Директивата.