Информација за корисниците на еКат Шалтер

Информација за корисниците на еКат Шалтер

Почитувани,

Ве информираме дека од денеска, Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, ја пушти во функција надградената апликација еКат Шалтер. Таа ќе има нови можности за електронско поднесување на барања за издавање на податоци за инфраструктурни објекти и поднесување на барања за промени/запишување во катастарот на инфраструктурни објекти.

(Прирачник за користење на софтверот еКат Шалтер за инфраструктурен катастар)

Со оваа надградба ќе бидете во можност електронски да ги поднесувате барањата за инфраструктурни објекти.

Барањата кои до сега можеа да се поднесат во хартиена форма, од 1 октомври 2018 година, ќе можат да се поднесуваат само по електронски пат!

 

Со почит,
Агенција за катастар на недвижности