Работилница за Адресен регистар, септември 2018 година

Работилница за Адресен регистар, септември 2018 година

Денеска, на 13 септември, во просториите на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, беше одржана работилница во врска со воспоставувањето на Адресниот регистар во Република Македонија.

Гости на работилницата беа претставник од холандскиот катастар, како и претставник од општината на градот Хаг. Тие го презентираа холандското искуство во врска со Адресниот регистар, односно за улогата и одговорноста на вклучените институции, ја елаборираа поставеноста на законодавството во однос на ова прашање и дадоа одговори на техничките прашања кои требало да бидат решени кај нив.

Претходно, од страна на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија беше презентиран статусот за воспоставување на Адресниот регистар кај нас, односно беше даден извештај за статусот на пилот-проектот и планирани активности за наредниот период.

Агенцијата за катастар на недвижности, во својот стратешки план за 2017-2019 година, одобрен од Владата на Република Македонија, како приоритетен проект го има поставено воспоставувањето на Адресниот регистар на Република Македонија. Адресниот регистар ќе содржи единствени просторни и описни податоци за улиците и куќните броеви и ќе се користи во разни статистички цели.