АКН гости на 31 Собор на геодети на Србија

АКН гости на 31 Собор на геодети на Србија

„Примена на новоусвоениот Закон за постапката за запишување во катастарот на недвижности и водовите“, беше темата на 31 Собор на геодети на Србија, кој се одржа од 7 до 9 септември во Бајина Башта, во Република Србија. Оваа година, овој редовен собир се поклопи со прославата на 150 години инженерство во Србија и постоењето и работата на Сојузот на инженери и техничари на Србија.

На Соборот на геодети на Србија, на покана на колегите, присуствуваше и делегација од Агенцијата за катастар на недевижности на Република Македонија, која имаше своја презентација во работниот дел и тоа на темата: „Катастар на недвижности во Република Македонија“.

Освен нашата делегација, на 31 Собор на геодети на Србија, присуствуваа и делегации од Република Српска и од Република Бугарија.

Покрај темата на работниот дел и македонската презентација, како и дискусијата и пренесувањето на македонското искуство во врска со формирањето и функционирањето на македонската Комора на овластени геодети, беше покрената иницијатива за формирање на геодетска комора во Србија, а на македонската страна ѝ беше доделена повелба за придонесот во работата и соработката со Сојузот на геодети на Србија.