Информација

Информација

 Поради прекин на главниот оптички кабел, со кој се обезбедува интернет конекцијата во Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, на 16 август 2018 година (четврток), АКН не беше во можност да ги извршува вообичаените секојдневни активности, поврзани со интернет мрежата.

 Отстранувањето на дефектот траеше 4 часа и во тој период Агенцијата за катастар на недвижности не беше во можност да прима, ниту да издава податоци од системите МАКПОС, Е-Кат, ОССП и Инфо центарот. По отстанувањето на техничките пречки, сите системи веднаш се пуштени во употреба.

 Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија се извинува за евентуалните непријатности и пречките во работењето кај корисниците на нашите системи.

 Агенција за катастар на недвижности на Република Македонија