Републичката геодетска и имотно-правна управа на Република Српска во посета на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија

Републичката геодетска и имотно-правна управа на Република Српска во посета на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија

Директорка на Републичката геодетска и имотно-правна управа на Република Српска, Босиљка Предраговиќ, заедно со дел од тимот, беше во неколкудневна работна посета на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија.

Во просториите на АКН, директорот Борис Тунџев и државните советници и раководители ја претставија целокупната работа на Агенцијата и сите активности кои АКН ги има, како на пример работењето со Националната инфраструктура на просторни податоци и слично. Гостите го посетија и Центарот за катастар на недвижности – Скопје, каде беа запознаени и со конкретни примери од тековното работење.

Посебен интерес делегацијата од Република Српска покажа за работата на Агенцијата во однос на геодезијата и правната регулација и решенијата кои се нудат во тој сегмент, нивното функционирање, како и електронската поставеност и услугите кои се нудат по електронски пат. Гостите можеа да го разгледаат искуството во односот на правните регулативи и катастар, иако тоа позитивно искуство на Македонија, на нив може да им биде од непроцелива корист, откако ќе се воедначи или приспособи на веќе постоечките законски решенија во Република Српска. Но, Е-кат системот и целокупната електронска поставеност и функционирање на АКН, како и поврзаноста со приватната геодетска пракса и нотарите се она на што треба да се обрне посебно внимание, затоа што според мислењето на делегацијата, тоа во Македонија функционира беспрекорно.

Уште поголем интерес кај делегацијата од Република Српска беше престојот во приватните геодетски фирми и нотарската канцеларија во Струга. Дополнително,  во Охрид и Струга тие се интересираа како е поврзано едно одделение за катастар во внатрешноста на Македонија со Агенцијата, односно како и дали функционира таа спрега, потоа што сè може да направат заедно, а кои работи може да ги врши нотарот или приватната геодетска фирма. Наскоро ќе биде потпишан меморандум за соработка помеѓу овие две институции, Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија и Републичката геодетска и имотно-правна управа на Република Српска.