Работна посета на Шведскиот катастар „Lantmäteriet“

Работна посета на Шведскиот катастар „Lantmäteriet“

На 19 и 20 јуни, директорот на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, м-р Борис Тунџев, со дел од тимот на стручни советници од институцијата, оствари работна посета на Шведскиот катастар „Lantmäteriet“. На состанокот со директорката на Шведскиот катастар Сузане Сивборг беше разговарано за идната соработка помеѓу овие две институции, кои и до сега имаа одлична соработка. Она на што во наредниот период ќе биде ставено посебен акцент е соработката во областа на адресниот регистер, геодезијата, картографијата и НИПП (националната инфраструктура на просторни податоци).

Двете страни го искажаа своето задоволство од досегашните заеднички активности и надеж дека наведените области на кои е планирано да се стави акцент ќе ја подигнат соработката на уште повисоко ниво. Договорените активности во следниот период, исто така ќе бидат финансиски поддржана од СИДА (Шведската агенција за меѓународна соработка).