Работилница во рамките на ИМПУЛС проектот

Работилница во рамките на ИМПУЛС проектот

На 12 и 13 јуни во Агенцијата за катастар на недвижности се одржа работилница на тема „Зајакнување на јавната свест за националната инфраструктура на просторни податоци и изработка на метаподатоци“. Работилницата е дел од ИМПУЛС проектот и на неа првиот ден земаа учество претставници од АКН кои работат на НИПП (националната инфраструктура на просторни податоци). Тие ја презентираа актуелната состојба во однос на статусот на активностите во врска со НИПП, хармонизацијата на податоците, веб сервисите и слично.

Вториот ден беа присутни сите НИПП субјекти во Република Македонија, односно надлежните министерства и институции кои се дел од националната инфраструктура на просторни податоци.

На двете работилници учество земаа и преставници од Шведскиот катастар и од хрватскиот катастар. Тие ги презентираа придобивките од НИПП, по што следеше и дискусија на тркалезна маса за метаподатоци, каде беа нотирани моментите на нивното создавање, задачите и проблемите и потребната поддршка.