Регионална конференција за катастар и инфраструктура на просторни податоци

Регионална конференција за катастар и инфраструктура на просторни податоци

Единаесеттата регионална конференција за катастар и инфраструктура на просторни податоци, годинава се одржа во Будва, Црна Гора од 29-31 мај.

Секоја национална агенција за катастар и картографија ги презентираше реализираните проекти во период помеѓу двете конференции, како и идните проекти планирани, а кои се однесуваат на регионот на Западен Балкан (Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово, Албанија, Македонија и Бугарија). Преставниците од Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, исто така ги презентираа тековните и идните проекти и остварената меѓународна соработка на институцијата.

Во рамките на оваа конференција се одржа состанок на националните координатори и Управниот одбор на ИМПУЛС проектот. Се дискутираше за нацрт-текстот на меморандумот за соработка помеѓу институциите од регионот. Членовите на Управниот одбор ја прифатија ажурираната верзија на меморандумот за соработка. Неговото потпишување се планира за септември 2018 година.

Во работниот дел на конференцијата, Шведската Агенцијата за картографија, катастар и регистрација на земјиште – Лантматериет; Норвешката картографска Агенција – Картверкет; Агенцијата за катастар, регистрација на земјиште и картографија на Холандија; Јапонската агенција за меѓународна соработка – ЈИЦА, како и преставниците на Еурогеографикс и УНГГИМ ги презентираа приоритетите во меѓународната соработка и финансирањето на регионалните и меѓународните проекти. Беше договорено следната Регионална конференција за катастар и инфраструктура на просторни податоци да се одржи на почетокот на јуни 2019 година во Босни и Херцеговини, во организација на Федералната управа за геодетски и имотно-правни работи.

Заклучоците од конференцијата, на англиски јазик, можете да ги видите на следниот ЛИНК.