Симпозиум на ЕУРЕФ – 2018

Симпозиум на ЕУРЕФ – 2018

ЕУРЕФ својот редовен годишен симпозиум го одржа во Амстердам – Холандија, од 30 мај до 1 јуни 2018 година. Вообичаено, на овој настан присуствуваат претставници на голем број европски земји, како и од Република Македонија.

На овој форум се дискутира за најновите достигнувања во областа на геодетските референтни системи и се прифаќаат потребните резолуции.

Во последните години на симпозиумот му претходи подготвителен период, во кој се претставуваат актуелни теми и новини од областа на геодезијата и геодинамиката. Годинава, темата беше „InSAR процесирање на податоци“. Беа разгледани принципите на радарската интерферометрија (InSAR), заедно со проценката и контролата на квалитетот, карактеристиките на производите од оваа техника и нивната позиција во областа геодетските референтни системи.

Симпозиумот имаше неколку сесии, во кои беа опфатени теми од областа на: хоризонталните и вертикалните референтни системи (ETRS89 и EVRS), европската перманентна и висинска мрежа (EPN и UELN) и нивното згуснување, како и теми во врска со мерните техники и можноста за користење на европскиот GNSS систем Galileo.