Идните колеги – геодети, во посета на АКН

Идните колеги – геодети, во посета на АКН

Во петокот, на 11 мај студентите од катедрата по геодезија на Градежниот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и денеска, 14 мај, студентите од Тетовскиот универзитет, од студиската програма по геодезија и геоинформатика беа во посета на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија.

Студентите дознаа повеќе за работата на Агенцијата, посебно за нејзиното функционирање денес. За поставеноста на геодезијата во Република Македонија, малку за минатото, но многу повеќе за идните правци во развојот на геодезијата.

Студентите имаа можност да се запознаат со начинот на функционирање на повеќе сектори. Во секторот картографија и фотограметрија им беше презентиран начинот на работење и инструментите кои се користат во овој сегмент на геодетската работа. Исто така, студентите ја слушаа и интересната презентација за Македонскиот позиционен систем –МАКПОС, кој исто така предизвика големо внимание, за на крај посетата да заврши со посетата на секторот за геоматика и дигитализација, кој на младата генерација компјутерски потковани млади геодети им беше можеби и најатрактивна.

Впечатоците на идните колеги геодети беа дека не погрешиле во изборот на професијата и дека ова е многу интересна струка на која тие со задоволство ќе ѝ се посветат.