Втора обука за 2018 година, наменета зa трговците поединци – овластени геодети

Втора обука за 2018 година, наменета зa трговците поединци – овластени геодети

Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија на 10. 5. 2018 година, во амфитеатарот на Градежниот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, ја одржа втората обука за 2018 година, наменета зa трговците поединци – овластени геодети.

Обуката беше на тема: „Геодетската дејност во Република Словенија“. Дополнително пак, беа разгледани и поттемите:  Законска рамка и организациска поставеност; Тековни проекти во Геодетската управа на Република Словенија поврзани со модернизирање на процесот на регистрација на недвижностите во  Република Словенија; Новите надлежности на Геодетската управа на Република Словенија и улогата на приватниот сектор и Поставеност на Комората на овластени геодети, права и одговорности, соработка со Геодетската управа на Република Словенија, едукација итн.

Гостин – презентер беше г. Томаж Петек, од Геодетската управа на Република Словенија, специјалист со долгогодишно искуство во облата на геодетскиот систем, геоинформациите, катастарот на земјиште, инфраструктурата на просторни податоци и владините реформи, регулаторната работа за државните геодетски проекти и проектот за инфраструктура на просторни податоци, развој на геоинформациската инфраструктура во Република Словенија и управување со регионалните геодетски власти.

Европските искуства и споделувањето на искуствата во сферата на развојот на ефикасна и доверлива земјишна администрација, е одличен начин да се следат современите трендови поврзани во оваа област. Тоа го докажа и завидното ниво на посетеност на обуката која се одржа во рамките на годишната програма за обука на овастените геодети.