Соопштение за одржување на обука наменета за овластени геодети

Соопштение за одржување на обука наменета за овластени геодети

Почитувани,

Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија ја организира втората обука за 2018 година, наменета зa трговците поединци – овластени геодети, на следнава тема:

„ГЕОДЕТСКАТА ДЕЈНОСТ ВО РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА“

Поттеми:

  • Законска рамка и организациска поставеност;
  • Тековни проекти во Геодетската управа на Република Словенија поврзани со модернизирање на процесот на регистрација на недвижностите во  Република Словенија;
  • Новите надлежности на Геодетската управа на Република Словенија и улогата на приватниот сектор и
  • Поставеност на Комората на овластени геодети, права и одговорности, соработка со Геодетската управа на Република Словенија, едукација итн.

Обуката ќе се одржи на 10.5.2018 (ЧЕТВРТОК) во амфитеатарот на Градежниот факултет, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје, со почеток од 13 часот.

• Презентер: г. Томаж Петек, Геодетска управа на Република Словенија
Портфолиото на презентерот можете да го најдете на следниот линк.

Целосното соопштение е достапно на следниов линк.