Конференција на комитетот за домување и земјишна администрација при Обединетите нации

Конференција на комитетот за домување и земјишна администрација при Обединетите нации

„Промоција на пристапот за одржлив развој преку имплементација на Женевската декларација на ОН за одржлив развој и домување“, беше темата на конференцијата која се одржа во Виена на 12 и 13 април 2018 година. Организатори беа градот Виена и Комитетот за домување и управување со земјиште за земјите од Европа и Источна Азија (UNECE). Овој комитет е под покровителство на Обединетите нации и во негов состав се групите за пазар на недвижности (REM) и групата за управување со земјиште (WPLA).

На конференцијата, на која учествуваше делегација од Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, имаше и високи претставници од државите членки на Обединетите нации, на меѓународни институции и организации кои работатсо управувањето со земјиште и катастар, потоа, преставници од универзитети и од невладини организации, од приватниот сектор како и преставници од Комитетот за домување и урбан развој при Обединетите нации, односно на двете работни групи кои се во негов состав.

Меѓународната соработка беше потенцирана како клучна за постигнување напредок, при овозможувањето на соодветно домување и управување со земјиштето, за имплементацијата на Агендата за 2030, новата Урбана агенда и Повелбата на ООН за одржлив развој и домување. Исто така, посебно беше истакната важноста процесите во областа на домувањето и управувањето со земјиштето да бидат базирани на стручност, со користење на меѓународното искуство и знаење. Сево ова ќе придонесе за транспарентна статистика и широка јавна дебата за сите аспекти на развојот на домувањето и управувањето со земјиштето.

На конференцијата беше усвоена Виенската порака, дека секој поединец треба да има квалитетно живеење и пристојно домување, што ќе се постигне со користење на позитивните меѓународни искуства во областа на одржливото домување, урбаниот развој и управувањето со земјиштето.