Потпишан договор за продолжување на ИМПУЛС проектот

Потпишан договор за продолжување на ИМПУЛС проектот

Директорите на националните агенции за катастар и геодезија од регионот, го потпишаа договорот за продолжување на ИМПУЛС проектот на неговиот осми состанок на управниот одбор, одржан на 12 април 2018 година.

Проектот ИМПУЛС (Инфраструктура за просторни податоци на земјите од Западен Балкан) е финансиран од шведската агенција за меѓународен развој (SIDA), а има за цел да ги поддржи националните агенции за катастар и геодезија во земјите од регионот, во процесот на имплементација на ИНСПИРЕ директивата. Шведската агенција за меѓународен развој (SIDA) одобри едногодишно времено продолжување на проектните активности до декември 2019 година.

На состанокот беше разгледан и одобрен полугодишниот извештај за активностите на проектот, од октомври 2017 до март 2018 година, подготвен од страна на националните координатори и проектниот директор.

Исто така, на овој состанок се дискутираше и за текстот на Меморандумот за регионална соработка, чија конечна верзија ќе се разгледува на следниот управен одбор, кој ќе се организира во рамките на редовната регионална конференција за катастар и националната инфраструктура за просторни податоци – СДИ, која оваа година ќе се одржи во мај во Будва, Црна Гора.