Втората регионална работилница за геопросторни податоци во рамки на регионалниот проект SPATIAL

Втората регионална работилница за геопросторни податоци во рамки на регионалниот проект SPATIAL

Втората регионална работилница за геопросторни податоци во рамки на регионалниот проект SPATIAL финасиран од страна на Холандското министерство за надворешни работи, во врска со Националната инфраструктура за просторни податоци (НСДИ) и ИНСПИРЕ директивата  се одржа на 4 и 5 април 2018 година, во Мостар, Босна и Херцеговина.

Македонија имаше свои претставници на работилницата, во која беа вклучени и претставници од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Република Српска и Албанија, а во последен момент учеството го откажаа Србија и Косово.

Темата на работилницата беше НСДИ и ИНСПИРЕ, а целта пак беше, да се зајакне институционалниот и организацискиот капацитет на вклучените организации во нивната улога како развивач, менаџер и соработник на НИПП платформата.

Покрај пренесувањето на знаењата и елаборирањето на европското и холандското искуство, се работеше во групи, за на крај да се споделат научените лекции и да се разговара за следните чекори.

Во рамките на работилницата беа презентирани искуствата на сите учесници во однос на управувањето, финансирањето, техниката, законодавството, градењето на капацитетите и употребата на Националната инфраструктура за просторни податоци НСДИ.