Учество на АКН на работилница во рамки на IMPULS проектот

Учество на АКН на работилница во рамки на IMPULS проектот

Во периодот од 27-29 март 2018 година, претставници од Агенцијата за катастар на недвижности земаа учество на стручната работилница за инфраструктура за просторни податоци (ИПП) организирана во рамки на ИМПУЛС проектот на која учество земаа националните координатори на ИМПУЛС проектот и националните координатори на НИПП активностите на  земјите од Регионот.

На работилницата која се одржа во седиштето на шведскиот катастар „Lantmateriet“ во Јевле-Шведска, беа презентирани достигнувањата во областа на Националната инфраструктура на просторни податоци (НИПП) за секоја од земјите од Западен Балкан кои  учествуваат во имплементацијата на ИМПУЛС проектот.

Акцент на активностите за време на работилницата беше ставен на постојната организациона структура на НИПП, нејзиното функционирање во пракса, соработката со субјектите во НИПП, како и предлозите за подобрување во координациска и комуникациска смисла. Воедно од страна на шведските консултанти беше презентирана содржината на прашалникот преку кој треба да дефинира соодветен модел за споделување податоци и табелата за анализа на трошоци и придобивки за НИПП.

Информациите, размислувањата и дискусиите водени поединечно за презентациите на секоја земја учесничка во проектот, како изложените содржини од страна на шведските консултанти, имаат свој придонес кон потребата од подигнување и подобрување на развојот во организацијата на НИПП.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.