Конференција „Земјиштето и сиромаштијата, управување со земјиштето во меѓусебно поврзан свет“ – Вашингтон САД

Конференција „Земјиштето и сиромаштијата, управување со земјиштето во меѓусебно поврзан свет“ – Вашингтон САД

Делегација на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија присуствува на конференцијата „Земјиштето и сиромаштијата, управување со земјиштето во меѓусебно поврзан свет“ во Вашингтон САД, во периодот од 19 до 23 март 2018 година.

На оваа значајна конференција во организација на Светска банка, присуствуваат огромен број на делегации од областа на геодезијата од целиот свет, како и повеќе организации, како ЦЛГЕ (Council of European Geodetic Surveyors), НСПС (National Society of Professional Surveyors) и Меѓународната федерација на геодети (FIG).

Постер презентацијата предизвика значителен интерес, како и темата презентирана од страна на АКН: Агенција за катастар на недвижности на Република Македонија – пред и после реформите, научени лекции, бизнис ориентација.

Во рамките на конференцијата, остварени се повеќе групни и билатерални средби од страна на Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, Борис Тунџев и останатите членови на македонската делегација со високи претставници од организаторот – Светска банка, како и релеватните институции и нивните претставници од областа на геодезијата и катастарот на недвижности.

На Денот за учење, предвиден од организаторот на конференцијата, во Арлингтон ќе биде презентирано искуството и пристапот до урбаното планирање, инфраструктурата, управувањето со земјиштето, како и иновациите во областа на ГИС и иднината на користењето на податоците.

Конференцијата „Земјиштето и сиромаштијата, управување со земјиштето во меѓусебно поврзан свет“, која секоја година се одржува во Вашингтон САД, во организација на Светска банка, е еден од најзначајните настани во светот на геодезијата на глобално ниво и на неа присуствуваат огромен број на делегации од целиот свет.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.