Претставници од холандскиот катастар во работна посета на АКН

Претставници од холандскиот катастар во работна посета на АКН

Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, во периодот од 26 до 28 февруари 2018 година, е домаќин на претставници од холандскиот катастар, кои се во работна посета на АКН, во рамките на проектот „СПАТИАЛ“.

Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија има потпишано меморандум за соработка со Холандската агенција за картографија, земјишна регистрација и катастар, за спроведување на проект насочен кон зајакнување на пристапот, транспарентноста и користењето на геопросторните податоци. Тој е во рамките на „СПАТИАЛ“ проектот (Strengthened Professional Access To Information About Land), а се спроведува во регионот на Западен Балкан. Финасиран е од страна на Холандското министерство за надворешни работи во рамките на предпристапната програма МАТРА.

Очекуваните резултати од проектот се зајакнување на капацитетите на АКН, како институција одговорна за имплементација на ИНСПИРЕ Директивата, развивање на сервиси за споделување на геопросторните податоци, зајакнување на институционалните и организациските капацитети на АКН во спроведување на законските надлежности поврзани со картографијата, НИПП и Адресниот регистер.

Проектот се имплементира од 1 јануари 2017 година и е планиран да трае до 31 декември 2018 година. Проектните активности се реализираат преку техничка поддршка во форма на консултантски услуги од страна на Холандската агенција за картографија, земјишна регистрација и катастар и одржување на национални работилници со засегнатите страни.

Денеска работната средба ја отвори директорот на АКН Македонија, Борис Тунџев, кој даде краток осврт на моменталната состојба во АКН, за отпочнување на LiDar проектот, за новиот стратешкиот план на АКН и приоритетните проекти.

Тој посебно ги поздрави придобивките кои ќе ги добие нашата земја преку овој проект, во однос на воспоставување и имплементација на Адресарниот регистар, односно техничката помош при имплементација на пилот проектот за воспоставување на регистарот на адреси и подготовка на план за целосна имплементација на Адресниот регистер во Република Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *