Информација

Информација

Почитувани,

Ги информираме нашите корисници, дека на 13 јануари 2018 година, веб страницата на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, имаше неовластен упад од надворешни лица. Хакирањето на веб страницата може само да потврди дека новата веб страна на АКН има добиено на атрактивност и на содржајност.

Успеавме да ги отстраниме сите пречки, информирани се надлежните органи, кои од своја страна ја спроведуваат процедурата и остануваме доследни во обезбедувањето на потребните тековни информации и содржини, како и оние кои вам ви се неопходни за секојдневното работење. Се надеваме дека не предизвикавме дополнителни проблеми и дека во иднина ваквите можности ќе бидат сведени на минимум.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *