Средба на в.д. директорот на АКН со министерот за транспорт и врски

Средба на в.д. директорот на АКН со министерот за транспорт и врски

На 25 декември, 2017 година, во просториите на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, беше остварена работна средба помеѓу в.д., директорот на АКН – Борис Тунџев и министерот за транспорт и врски – г. Горан Сугарески. Покрај тековни работи беше разговарано и за постигнатите резултати во изминатиот период. Посебно беше потенцирано дека бројот на нереализирани предмети сега изнесува 577, за разлика од пред четири месеци кога таа бројка беше и над четири илјади. Крајната интенција е предметите да не се задржуваат повеќе во катастар, туку да се работат тековно, односно во актуелен момент во АКН да има толку предмети колку што се во процес на обработка.

В.д., директорот на Агенцијата за катастар на недвижности м-р Борис Тунџев, прецизира дека новите тарифници за услугите што им се нудат на граѓаните и компаниите се веќе објавени во Службен весник, но сепак за потенцирање е големото намалување на надоместоците кои изнесуваат и до 90 проценти.

Така, во Тарифникот за надоместокот за запишување на инфраструктурни објекти, цените се намалуваат во просек за 90%. Во оној за запишување на недвижности во Катастарот,  цените се намалуваат во просек за 51%. Додека цените во Тарифникот за надоместок за кориостење на податоците од Геодетско катастарскиот информационен систем се намалуваат во просек за 28%.

Тој потенцираше дека на пример, за запишувањата на правата по основa на доградби, надградби и легализирање на бесправно изградени објекти износот е намален за 20 отсто, а исто толку поевтинуваат и листовите за предбележување за поголеми згради за домување. Во голема мерка е намален и надоместокот за промена на култура, за да се стимулираат земјоделците, да ги променат културите на земјиштето во имотните листи, за да се олесни процесот за добивање на субвенции. Затоа се направени работни групи, заедно со Министерството за земјоделство кои веќе интензивно работат на оваа проблематика.

В.д., директорот на Агенцијата за катастар на недвижности м-р Борис Тунџев истакна и дека надместокот за земјоделците е намален од 38 до 80 отсто. Извршено е и намалување во износ од 90 проценти за објектите кои се со волуменска зафатнина и се очекува дека ќе се стимулираат винарскиот сектор и мелничката индустрија да ги запишат големиот број на нерегистрирани силоси и резервоари. Досега таму надоместокот беше 10, а сега ќе биде еден денар, посочи Тунџев и додаде дека за 28 отсто се намалени и услугите што ги нуди Катастарот за издавање  податоци од геодетските планови како етажни скици и копии од катастарските аналогни планови. Според податоците на Катастарот, веќе е реалност и во голем процент е намален бројот на предмети во постапка. Така, од состојбата во почетокот на август, со 4268 предмети само во Центарот за катастар на недвижности Скопје, сега бројот е драстично намален и изнесува 568 предмети.

И она што можеби е најбитно за стручната јавност, според в.д. директорот на Агенцијата за катастар на недвижности м-р Борис Тунџев е скорашното донесување нов Закон за геодетска дејност. Министерот Сугарески истакна дека една од мерките што Владата на Република Македонија ги вети пред неколку месеци и од пред извесен период започна да ја реализира, за поефикасни услуги, е намалувањето на цените на услугите на Катастарот и ваквата мерка ќе придонесе за намалување на трошоците на граѓаните и компаниите, а од друга страна ќе овозможи побрзо, поефикасно и навремено обезбедување на услугите.

Тој посочи дека со донесување на новиот закон за геодетска дејност ќе се усогласиме со европската регулатива што се однесува на воспоставување на нов геодетски датум и изработка на  нова картографска проекција на земјава. Со мерката за намалување на цените на услугите на Катастарот пак, според Сугарески е исполнето ветувањето дадено во владината програма.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *