Извод од катастарски план


Извод од катастарски план

Доколку сакате да извадите копија од катастарски план за имотот што го поседувате и што е запишан во катастарот на недвижности, потребно е да се обратите на шалтерот за прием во катастарското одделение и да приложите:

  • барање во писмена форма;
  • доказ за платен надоместок за услугата од 183 денари за една катастарска парцела;

Уплатата  може да се врши на шалтерот во Катастарот со платежна картичка на ПОС терминал или на уплатница (образец ПП 50) во банка или во пошта:

 

Преземи барање (.pdf)
Купи извод од катастарски план

 

ВАЖНО:

Трансакциите на имот (недвижности), Агенцијата за катастар на недвижности ги регистрира секојдневно, по барање на странка или по службена должност, согласно Законот за катастар на недвижности. Истовремено, во базата на податоци се ажурираат и алфанумеричките податоци (имотен лист) и графичките податоци (катастарски план).

АКН својата база во врска со катастарските податоци ја ажурира за помалку од еден час. Тоа значи дека катастарските податоци (имотен лист) како и катастарските планови, веднаш, бесплатно се достапни на увид на јавноста преку порталот на АКН (OSSP – One Stop Shop Portal).

Повеќе детали на следниот ЛИНК

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *