Претставници на Советот на геодети на Европа во посета на АКН

Претставници на Советот на геодети на Европа во посета на АКН

На 11 и 12 декември 2017 година, во работна посета на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, беа претставниците на Советот на геодети на Европа (ЦЛГЕ): г. Морис Барбиери – претседател на Советот, г. Жан-Ив Пирло – генерален директор и г. Дитер Сеиц – одговорен за финансиски прашања. Во рамките на посетата беа организирани состаноци со работната група задолжена за подготовка на текстот на Законот за вршење геодетска дејност, кој за првпат треба да се донесе во Република Македонија.

На состаноците беа презентирани најдобрите практики од земјите на Европската унија, како и искуствата од Белгија, Германија и Швајцарија, во однос на законските одредби со кои таму е регулирана геодетската дејност.

Согласно годишната програма за спроведување обуки од областа на востановувањето и одржувањето на катастарот на недвижности и за геодетските и информатичките работи, Агенцијата за катастар на недвижности и Комората на трговците поединци, овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи, на 11.12.2017 година ја организираа петтата обука за овластени геодети на тема „Законска регулатива за геодетската дејност – најдобри европски практики“.

На обуката свои обраќања имаа г. Борис Тунџев, директор на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија и г. Горан Јованоски, претседател на Комората на трговците поединци, овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи. Претставниците од Советот на геодети на Европа имаа свои презентации, со кои беше претставена организацијата на Советот на геодети на Европа, неговата улога и значење за геодетската професија. Во рамките на обуката, беше презентиран и Кодексот на европските геодети, а беа претставени и најдобрите европски практики поврзани со регулирањето и вршењето на  геодетската дејност.

Презентациите од наведената обука можете да ги преземете преку следните врски (линк1линк2линк3,линк4).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *