Запишување на промена во катастарот на недвижности » Запишување промени во одржување на катастарот на недвижностите со геодетски елаборат

Запишување промени во одржување на катастарот на недвижностите со геодетски елаборат

Запишување промени во одржување на катастарот на недвижностите се однесува на:

  • Физичка делба на катастарска парцела/приватизација /купопродажба/подарок/размена на дел од катастарска парцела
  • Експропријација на катастарски парцели
  • Спојување на катастарски парцели
  • Запишување промена на катастарска култура и класа
  • Бришење на згради и други објекти
  • Запишување на внатрешна површина/отворена површина/волумен на новоизградени згради, надградби, доградба, легализација на згради и други објекти
  • Ажурирање на податоци за гранична линија и површина на катастарска парцела
  • Ажурирање на внатрешна површина/волумен на згради, посебни и заеднички делови од згради и други објекти

Правен основ: Договор, Пресуда, Судско решение, решение (одобрение) од надлежен орган, градежно-техничка документација, изјава заверена кај нотар, геодетски елаборат изработен од приватно геодетско друштво или трговец поединец, доказ за платен надоместок за услугата согласно Тарифникот.

Предбележување на идна градба

Правен основ: Правосилно одобрение за градење и основен проект заверен од надлежен орган доставени од надлежната општина по електронски пат,

Измени на предбележување во тек на градба

Правен основ: Решение за измена во тек на градба и градежно-техничка документација доставени од надлежната општина по електронски пат,

Ажурирање на податоци во катастарот на недвижности-по службена должност

Ажурирањето на податоците во катастарот на недвижности по службена должност се врши за носителите на правата на катастарските парцели кои во катастарот на недвижности се запишани со права изразени во идеални делови кои произлегуваат од различните техники и методи на снимање и мерење, а нивната вкупна површина не надминува 5% од вкупната површина на парцелата.

Ажурирањето на податоците се врши на начин што Агенцијата по службена должност без надоместок врши бришење на носителите на правата.

Ажурирање на податоци во катастарот на недвижности-по пријава од странка

Ажурирањето на податоците во катастарот на недвижности за носителите на правата на катастарските парцели кои во катастарот на недвижности се запишани со права изразени во идеални делови кои произлегуваат од различните техники и методи на снимање и мерење, а нивната вкупна површина не надминува 5% од вкупната површина на парцелата, може да се врши и по пријава на странка.

За да извршите запишување на промена во катастар на недвижности, односно промена на гранична линија во катастарскиот план потребно е да се обратите на шалтерот за прием во Центарот за катастар на недвижности Скопје или подрачното Одделение за катастар на недвижности при АКН, и да приложите:

  • пријава во писмена форма,
  • правен основ за запишување
  • изјави за согласност за прифаќање на ново утврдената гранична линија и површина на катастарската парцела потпишани од страна на носителите на правата на соседните катастарски парцели спрема кои е утврдено отстапувањето на граничните линии или од страна на некој од законските наследници на починатите носители на права. Доколку отстапувањето на граничната линија е спрема парцелата предмет на ажурирање, а не спрема соседните катастарски парцели, при што се намалува нејзината површина, кон геодетскиот елаборат не се прилагаат изјави за согласност за прифаќање на ново утврдената гранична линија и површина на катастарската парцела. Разликата на површината добиена како резултат на отстапувањето се припојува кон соседните катастарски парцели и се запишува со право на сопственост на носителите на правата на соседните катастарски парцели.
  • геодетски елаборат од премерот (ажурирање) изработен од приватно геодетско друштво,
  • доказ за платен надоместок за услугата согласно Тарифникот.

Ажурирање на податоци за внатарешна површинана згради, посебни и заеднички делови од згради и други објекти

Кога предмет на ажурирање се податоците за внатрешната површина на згради, посебни и заеднички делови од згради и други објекти запишани во катастарот на недвижности за кои не се прибрани податоци при премерот или запишувањето не било извршено врз основа на прибраните податоци, кон пријавата се приложува геодетски елаборат и доказ за платен надоместок за запишувањето. При ажурирањето како правен основ се користи правниот основ врз основа на кој било запишано правото на недвижноста, а ажурираната површина се запишува на сегашниот носител на правото запишан во имотниот лист.

Запишување недвижности за кои во катастарот на земјиште постоеле фиктивни евиденции во реални делови

  • пријава на странка,
  • геодетски елаборат
  • изјава за согласност за прифаќање на фактичката состојба дадена од носителите на правата на недвижностите кои биле евидентирани како резултат на фиктивните евиденции во катастарот на земјиште, заверена кај нотар.
Тарифник
Пријава – запишување на промена
Пријава – запишување по службена должност
Пријава 23 – ажурирање на податоци