Запишување на промена во катастарот на недвижности » Запишување промени во одржување на катастарот на недвижностите без геодетски елаборат

Запишување промени во одржување на катастарот на недвижностите без геодетски елаборат

Промена на правата на недвижностите и носителите на правата на недвижностите

Правен основ согласно член 174 ст.1 од ЗКН

Промена на лични и адресни податоци

Правен основ: Потврда/Уверение за едно исто лице од МВР/Општина, Извод од матична книга на венчани/родени/умрени или потврда од Министерство за правда и сл., Уверение за адреса и куќен број од Град Скопје

Промена кај правни лица: Договор за основање на правно лице, Решение од Централен регистар, Тековна состојба од Централниот регистар и др.

Запишување – прибележување на облигациони права(лизинг, договор за концесија, договор за закуп, договорено право за првенствено купување, договор за доживотна издршка, договор за дар во случај на смрт) и прибележување факти чие запишување е уредено со Законот за катастар на недвижности  и друг закон

Правен основ:Договор, Пресуда, Решение од надлежен орган

Бришење на облигациони права(лизинг, договор за концесија, договор за закуп, договорено право за првенствено купување, договор за доживотна издршка, договор за дар во случај на смрт) и прибележување факти чие запишување е уредено со Законот за катастар на недвижности и друг закон.

Правен основ:Договор, Пресуда, Решение од надлежен орган

Измени на облигациони права (лизинг, договор за концесија, договор за закуп,договорено право за првенствено купување, договор за доживотна издршка, договор за дар во случај на смрт) и прибележување факти чие запишување е уредено со Законот за катастар на недвижности и друг закон

Правен основ:Анекс на договор, Пресуда, Решение од надлежен орган.

Запишување врз основа на солемнизиран договор за купопродажба или нотарски акт, со клаузула за платен аконтативен данок на промет на недвижности

Правен основ:солемнизиран договор за купопродажба или нотарски акт, со клаузула за платен аконтативен данок на промет на недвижности, извештај за процена на пазарната вредност на недвижноста и пресметка на аконтативен данок на промет изготвени од страна на овластен проценувач, како и пополнета аконтативна даночна пријава.

Предбележување како условно запишување на катастарска парцела

Правен основ: Преддоговор/Договор составен во писмена форма и заверен/солемнизиран кај нотар без регулиран доказ за данок на промет, правосилна судска пресуда без регулиран  данок на промет  и други)

Бришење на извршеното предбележување како условно запишување на катастарска парцела

Правен основ: Договор составен во писмена форма и заверен/солемнизиран кај нотар со регулиран доказ за данок на промет, правосилна судска пресуда со регулиран данок на промет  и по истекот на рокот од 6 месеци по пријава од извршеното предбележување, по пријава на носителот на правото на сопственост или по службена должност се брише.

Запишување на право на залог- хипотека

Правен основ: Нотарски акт-Договор за залог-хипотека

Измени/дополнување/бришење на право на залог- хипотека

Правен основ: Анекс на Договорот за залог-хипотека, изјава од доверител заверена кај нотар.

Запишување претходни и времени мерки (забрани и ограничувања) на катастарска парцела

Правен основ: Решение од надлежен суд

Запишување право на службеност, право на реален товар и право на стварно правен долготраен закуп на градежно земјиште на катастарска парцела

Правен основ :Договор, Пресуда, Решение и сл.

Прибележување налог за извршување на катастарска парцела

Правен основ: Налог за извршување од извршител

Бришење на претходни и времени мерки забрани и обраничувања на катастарска парцела

Правен основ: Решение, Пресуда,

Бришење право на службеност, право на реален товар и право на стварно правен долготраен закуп на градежно земјиште на катастарска парцела

Правен основ :Договор, Пресуда, Решение и сл.

Бришење налог за извршување на катастарска парцела

Правен основ: Заклучок од извршител, решение од УЈП

Ажурирање на податоците во катастарот на недвижности

Кога не се извршени промени на граничната линија и површината на предметната катастарска парцела запишана во постапката на систематско/поединечно запишување на правата на недвижностите, а истата е запишана во идеални делови како резултат на разликите во начинот на премерување, размерот на изготвување на катастарските планови или грешки кои се резултат на одржување на катастарот на земјиште,

Правен основ: Изјави за согласност дадени од носителите на правата запишани во идеални делови, заверени кај нотар.

Тарифник
Пријава – запишување на промена
Пријава – ажурирање по службена должност
Пријава – ажурирање податоци