Запишување на промена во катастарот на недвижности » Запишување промени во одржување на катастарот на недвижностите со геодетски елаборат

Запишување промени во одржување на катастарот на недвижностите со геодетски елаборат

Запишување промени во одржување на катастарот на недвижностите се однесува на:

  • Физичка делба на катастарска парцела/приватизација /купопродажба/подарок/размена на дел од катастарска парцела
  • Експропријација на катастарски парцели
  • Спојување на катастарски парцели
  • Запишување промена на катастарска култура и класа
  • Бришење на згради и други објекти
  • Запишување на внатрешна површина/отворена површина/волумен на новоизградени згради, надградби, доградба, легализација на згради и други објекти
  • Ажурирање на податоци за гранична линија и површина на катастарска парцела
  • Ажурирање на внатрешна површина/волумен на згради, посебни и заеднички делови од згради и други објекти

Правен основ: Договор, Пресуда, Судско решение, решение (одобрение) од надлежен орган, градежно-техничка документација, изјава заверена кај нотар, геодетски елаборат изработен од приватно геодетско друштво или трговец поединец, доказ за платен надоместок за услугата согласно Тарифникот.

Предбележување на идна градба

Правен основ: Правосилно одобрение за градење и основен проект заверен од надлежен орган доставени од надлежната општина по електронски пат,

Измени на предбележување во тек на градба

Правен основ: Решение за измена во тек на градба и градежно-техничка документација доставени од надлежната општина по електронски пат,

Ажурирање на податоци во катастарот на недвижности-по службена должност

Ажурирањето на податоците во катастарот на недвижности по службена должност се врши за катастарските општини каде што процентот на недвижностите кои останале со незапишани права е поголем од 20%, врз основа на извршениот премер од член 57 став (3) од ЗКН, врз основа на годишна програма донесена од Управниот одбор на Агенцијата, со согласност на Владата на Република Македонија.

За да извршите запишување на незапишаните права на недвижностите по востановен катастар на недвижности во постапка на ажурирање спроведена по службена должност, потребно е да се обратите на шалтерот за прием во подрачното Одделение за катастар на недвижности при АКН на чија што територија се наоѓа недвижноста и да приложите:

  • пријава во писмена форма
  • правен основ за запишување согласно член 174 став 1 од ЗКН.

Ажурирање на податоци во катастарот на недвижности-по пријава од странка

Во функција на усогласување на податоците од катастарот на недвижности со фактичката состојба на теренот се врши ажурирање на податоците по пријава на странка.

За да извршите запишување на промена во катастар на недвижности, односно промена на гранична линија во катастарскиот план потребно е да се обратите на шалтерот за прием во Центарот за катастар на недвижности Скопје или подрачното Одделение за катастар на недвижности при АКН, и да приложите:

  • пријава во писмена форма,
  • правен основ за запишување
  • изјава за согласност за прифаќање на граничната линија и новоутврдената површина на катастарската парцела која е предмет на ажурирање, потпишана од страна на носителите на правата на соседните катастарски парцели и заверени од надлежен орган согласно со закон-нотар,
  • геодетски елаборат за ажурирање изработен од приватно геодетско друштво,
  • доказ за платен надоместок за услугата согласно Тарифникот.

Ажурирање на податоци за внатарешна површинана згради, посебни и заеднички делови од згради и други објекти

Кога предмет на ажурирање се и податоците за внатрешната површина на згради, посебни и заеднички делови од згради и други објекти за кои не се прибрани податоци при премерот на недвижностите, геодетскиот елаборат не содржи изјава заверена кај нотар.

Запишување недвижности за кои во катастарот на земјиште постоеле фиктивни евиденции во реални делови

  • пријава на странка,
  • геодетски елаборат
  • изјава за согласност за прифаќање на фактичката состојба дадена од носителите на правата на недвижностите кои биле евидентирани како резултат на фиктивните евиденции во катастарот на земјиште, заверена кај нотар.
Тарифник
Пријава – запишување на промена
Пријава – запишување по службена должност
Пријава 23 – ажурирање на податоци