Запишување на промена во катастарот на недвижности » Запишување промена на катастарска култура и класа

Запишување промена на катастарска култура и класа

Запишување промена на катастарска култура и класа (кога со пријавата се бара промена на катастарска култура на земјиштето од земјоделско во земјоделско земјиште и од градежно во земјоделско земјиште, градежно неизградено земјиште во градежно изградено земјиште и обратно, во нива под оранжерија, нива под помошен објект, нива под објект за примарна обработка на земјоделски производи, земјиште под зграда/земјиште под објект изградени на земјоделско земјиште и земјиште под инфраструктурен објект и на дел од катастарска парцела, кој дел се одвојува во посебна катастарска парцела, при што се врши физичка делба согласно со закон).

  1. Промена на катастарска култура и класа од земјоделско во земјоделско земјиштеи од градежно во земјоделско земјиште

За да се изврши промена на катастарска култура и класа од земјоделско во земјоделско земјиште и од градежно во земјоделско земјиште потребно е:

  • пријава од странка,
  • доказ издаден од надлежен орган со кој ќе се потврди дека катастарска парцела се наоѓа надвор од градежен опфат,
  • геодетски елаборат доколку дел од катастарска парцела претставува шума и доколу е катастарска парцела поголема од 20000 м2.,
  • доказ за платен надоместок согласно Тарифникот.
  1. Промена на катастарска култура на земјиштето од градежно неизградено земјиште во градежно изградено земјиште и обратно,
  • писмена пријава
  • правен основ (градежно-техничка документација)
  • геодетски елаборат
  • доказ за платен надоместок согласно Тарифникот.

За бришење на недвижност-објект во катастарот на недвижности, кој на лице место не постои се доставува:

  • пријава,
  • геодетски елаборат,
  • правосилно одобрение за отстранување на објект или негов дел, само доколку за таквиот објект е издадено одобрение од надлежниот орган,
  • доказ за платен надоместок согласно Тарифникот.
Тарифник
Пријава