Услуги » Запишување на недвижности во катастарот на недвижности кои останале со незапишани права

Запишување на недвижности во катастарот на недвижности кои останале со незапишани права

Запишувањето на незапишаните права на недвижностите по востановен катастар на недвижности се врши за недвижности што останале со незапишани права при систематското запишување (неизложени).

За да извршите запишување на незапишаните права на недвижностите по востановен катастар на недвижности-земјиште, згради, посебни делови од згради и други објекти, потребно е да се обратите на шалтерот за прием во Центарот за катастар на недвижности Скопје или во  подрачното Одделение за катастар на недвижности при АКН на чија што територијата се наоѓа недвижноста и да приложите:

  • пријава во писмена форма,
  • правен основ за запишување согласно член 174 ст.1 од ЗКН:
  • закон,
  • правосилни судски одлуки,
  • одлуки за привремена мерка, претходна мерка и други акти за обезбедување на побарувања согласно со закон,
  • одлука на Владатана Република Македонија,
  • конечни, односно правосилни акти на органите на државната власт (правосилно решение за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост, решение за експропријација и др.), на органите на единиците на локалната самоуправа и на градот Скопје (решение за утврдување правен статус на бесправно изграден објект, одобрение за градење со комплет градежно-техничка документација и др.), правни и други лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања (нотар, извршител, органи на единиците на локална самоуправа-Општина и на градот Скопје),
  • правни дела (договор за купопродажба/дар/физичка делба/размена, доживотна издршка, наследно решение и др.  заверени од надлежниот орган на Управа за приходи со доказ за регулиран данок на промет на недвижности), и
  • изјави заверени кај нотар врз основа на кои може да се изврши запишување на правата на недвижностите, чие поднесување е задолжително утврдено со овој или со друг закон (во постапка на ажурирање на податоци по пријава на странка во функција на усогласување на податоците од катастарот на недвижности со фактичката состојба на теренот),
  • геодетски елаборат изработен од приватно геодетско друштво, трговец поединец (зависно од видот на промената),
  • доказ за платен надоместок за услугата согласно Тарифникот.

За да извршите запишување на незапишани права на недвижности-згради, посебни делови од згради и други објекти за кои градежно техничката документација била издадена до влегувањето во сила на катастар на недвижности запредметнатакатастарскаопштина,потребно е да се обратите на шалтерот за прием во Центарот за катастар на недвижности Скопје или подрачното Одделение за катастар на недвижности при АКН на чија што територијата  се наоѓа недвижноста и да приложите:

  • пријава во писмена форма,
  • правен основ за запишување: одобрение за градење со копмлет градежно-техничка
  • документација издадена до влегувањето во сила на катастар на недвижности за предметната катастарска општина,
  • доказ за платен надоместок за услугата согласно Тарифникот.
Тарифник
Пријава