Регистри » Регистри во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности

Регистри во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности

Регистрите претставуваат официјална листа или евиденција на записи за одредени теми на податоци. Најчесто регистрите се однесуваат на одреден дефиниран домен односно тема на податоци. Основните регистри, како што се податоците од катастарот, адресите, топографските бази на податоци и др. се загарантирани од страна на државата во однос на достапноста, пристапот, континуитетот, ажурирањето, квалитетот и цената. Официјалниот регистар е достапен за јавноста.

Агенцијата за катастар на недвижности е надлежна за неколку типови на регистри кои се дел од ГКИС. Податоците кои ги содржат овие регистри се описини и просторни. Во јавноста регистрите кои содржат просторни податоци се нарекуваат и геопросторни регистри. Дел од регистрите за кои е надлежна Агенцијата за катастар на недвижности претставуваат основни регистри односно регистри кои се од клучно значење за државата и широката јавност како на пример регистарот на парцели, згради, посебни и заеднички делови од згради, инфраструктурните објекти и правата врз овие недвижности односно со едно име катастарот на недвижности, адресниот регистар и РПЕ.
Регистрите кои се во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности се меѓусебно поврзани и истите се надополнуваат.