Регистри » Регистар на цени и закупи

Регистар на цени и закупи

За спроведување на масовна процена на вредноста на недвижностите, Агенцијата воспоставува и одржува  Регистар на цени и закупнини за целата територија на Република Македонија. Пресметувањето на вредноста на недвижностите запишани во катастарот на недвижности се врши врз основа на модел за масовна проценка. Масовната проценка на недвижностите ја врши Агенцијата по службена должност. Податокот за вредноста на недвижностите определена со масовната процена се евидентира во ГКИС.

Регистарот на цени и закупнини ги евидентира цените на недвижностите содржани во правните основи за промет на недвижности, кои се доставени во прилог на пријавите за запишување, односно за спроведување на промените во катастарот на недвижности но и вредноста на недвижноста врз основа на која е пресметан данокот на промет на недвижноста, како и други податоци за недвижноста содржани во изјава дадена од продавачот заверена кај нотар.Во Регистарот на цени и закупнини врши евидентирање и на вредноста на закупнините врз основа на податоците содржани во исправите за правен основ со кои се востановува закуп на недвижности.