Регистри » Регистар на просторни единици

Регистар на просторни единици

Регистарот за просторни единици претставува дел од ГКИС. Регистарот на просторни единици ги опфаќа следниве просторни единици: единици на локалната самоуправа, катастарски општини, населени места, статистички и пописни кругови на Република Македонија. За секоја од овие просторни единици во Регистарот за просторни единици се запишуваат и водат следниве податоци: назив, вид и матичен број (шифра) на просторната единица, графички приказ и опис на границите, извор на податоци на просторната единица, податоците за просторната единица со која се поврзува како и видот на промената, извор и датум на промена на просторната единица.

Согласно законот за КН, Агенцијата податоците од овој регистар ги доставува до Државниот завод за статистика за потребите на спроведување на попис на население и на земјоделско земјиште.