Регистри » Графички регистар на градежно земјиште

Графички регистар на градежно земјиште

Агенцијата за катастар на недвижности го воспостави и одржува графичкиот регистар на градежно земјиште. Графичкиот регистар на градежно земјиште содржи просторни и описни податоци за градежното земјиште на територијата на Р. Македонија. Регистарот се воспоставува и управува врз основа на податоците добиени од урбанистичките планови и урбанистичко планската документација која ја води органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот, како и единиците на локалната самоуправа. Податоците во овој регистар се изготвени во електронска форма која е компатибилна со електронската форма во која се изготвени катастарските планови.

Податоците содржани во Графичкиот регистар за градежно земјиште, Агенцијата ги користи при извршувањето на канцелариските геодетски работи за посебни намени кои се однесуваат на изготвување на нумерички податоци заради реализација на урбанистичките планови и урбанистичко планската документација. Дополнително податоците содржани во Графичкиот регистар за градежно земјиште ги користат сите релевантни институции и правни лица кои се вклучени во донесување и изготвување на урбанистичките планови и урбанистичко планската документација и тоа министерства, локална самоуправа, државни агенции, планери и др.

Агенцијата за катастар на недвижности од графичкиот регистар за градежно земјиште издава извод во форма на визуелен графички приказ на хоризонталната претстава на градежното земјиште.