Регистри » Графички регистар за улици и куќни броеви

Графички регистар за улици и куќни броеви

Графичкиот регистар за улици и куќни броеви претставува дел од ГКИС. Графичкиот регистар за улици и куќни броеви содржи просторни и описни податоци за улиците и куќните броеви, како и просторни податоци за линијата на опфат врз основа на која се определува припадноста на куќниот број спрема улицата.

Графичкиот регистар за улици и куќни броеви всушност претставува дополнување со геопросторни податоци на описните податоци кои Агенцијата по службена должност ги презема од Регистарот на имиња на улици и куќни броеви што се води при Централниот регистар на Република Македонија.

Во овој регистар се прибавуваат, запуишуваат и одржуват следниве податоци за улици и тоа описни податоци за улици: име на улица и нејзин број како и просторни податоци за улиците кои се дефинирани со координати на карактеристични точки кои формираат линија со која се дефинира местоположбата на улицата. Куќните броеви се дефинирани со описен податок за куќни броеви и просторни податоци за куќните броеви кои се дефинирани со координати на точка со која се дефинира местоположбата на објектот за кој се определува куќен број.

Описните и просторните  податоци од овој регистар кои се однесуват на линијата на територијален опфат се поврзани со податоците за единиците на локалната самоуправа и населените места содржани во Регистарот на просторни единици. Просторните податоци за линијата на територијален опфат се дефинирани со координати врз основа на кои се одредуваат куќните броеви кои припаѓаат на улицата и овозможуваат нивен визуелен графички приказ.