Реализирани проекти » Трансфер на знаење и технологија за изработка на дигитални топографски карти во поситни размери Ф3

Трансфер на знаење и технологија за изработка на дигитални топографски карти во поситни размери Ф3

ФАЗА 3

Во периодот од 19.01.2012 до 13.02.2012 година реализирана е третата и финална фаза од обуките за ”Изработка на дигитални топографски во поситни размери”. За реализација на оваа фаза од страна на JICA задолжен беше јапонскиот експерт Keiji Yamada.

Keiji Yamada

Во рамките на оваа фаза, преку серија на обуки, извршен е трансфер на знаење на стручни лица од Одделението за картографија во следните области:

  1. Воспоставување на систем за контрола на квалитет на картографските податоци

Стручните лица од АКН се стекнаа со основни знаења за процедурите и техниките за вршење на контрола на квалитет на картографските податоци, имплементирајќи ги при тоа ISO19113 – Quality Principle и ISO19114 – Quality Evaluation стандардите. Со контролата на квалитетот опфатени се топографската база на податоци која се контролира во ARCGIS околина и податоците за печатење кои се контролираат во Adobe Illustrator околина. Во рамките на обуката, заеднички со JICA експертот изготвени се соодветни табели за евалуација и спроведена е практична контрола на одредени листови од топографската карта на Р. Македонија.

Контрола на квалитет – практични вежби

  1. Менаџмент со картографските податоци

На барање на АКН во рамките на обуките опфатен беше и делот на менаџирање со картографските податоци. Со помош на јапонскиот експерт дефинирани се основните принципи за пристап до податоците, нивно користење, архивирање, правење на заштитни копии и слично. Усвоена е и нова структура за подредување на датотеките и фајловите кои се креираат во Одделението за картографија и нов начин на нивно именување, сé со цел да се има поедноставна, унифицирана и прегледна организација на податоците.

Работни средби со јапонскиот експерт

  1.  Ревизија на спецификациите за топографските карти во поситни размери

Стручните лица од Одделението за картографија кои што беа опфатени со обуките, заедно со јапонскиот експерт, уште еднаш ги ревидираа спецификациите за изготвување на топографски карти во поситни размери. Со оглед на тоа дека се работи за драфт верзии, на АКН останува да ги финализира истите и да ги стави во практична примена.

Keiji Yamada и тимот од Одделението за картографија за време на обуките

Како резултат на спроведените обуки во сите три фази од овој проект изготвени се серија на документи поврзани со процесот на изработка на дигитални топографски карти во поситни размери (прирачници за работа со картографските софтвери, процедури за контрола на квалитет, процедури за менџмент со картографските податоци, драфт спецификации и слично), како и драфт верзија на по еден лист од топографските карти во размер 1:50000 и 1:200000.

ТК 1:50000 ТК 1:200000

Воедно, од страна на JICA донирана е и основната опрема (хардвер и софтвер) неопходна за спроведување на обуките и за понатамошна практична работа во процесот на изработка на дигитални топографски карти во поситни размери.  

 За информации за ФАЗА 1 кликнете тука.

За информации за ФАЗА 2 кликнете тука.