Реализирани проекти » Техничка помош поврзана со процесот на производството на дигитални планови, бизнис-развој и ИТ-стратегија

Техничка помош поврзана со процесот на производството на дигитални планови, бизнис-развој и ИТ-стратегија

Агенцијата за катастар на недвижности во директен договор со Холандскиот катастар, Земјишниот регистар и Агенцијата за картографија (Kadaster) во септември 2008 година ја започна имплементацијата на проектот Техничка помош поврзана со процесот на производството на дигитални планови, бизнис-развој и ИТ-стратегија.
Времетраењето на проектот е 9 месеци, a истиот се планираше да се финализира во мај 2009 година.
За проектот 
Во декември 2007 год., Холандскиот катастар изврши мисија за ревизија по барање на Светската банка.
Експертите од Холандскиот катастар идентификуваа три главни проблеми што треба да се разгледаат со цел да се осигура понатамошната трансформација на институцијата што дава квалитетни услуги за јавноста во согласност со стандардите на ЕУ.

Очекувани проектни резултати
1. Подобрени бизнис-процеси
Генералните бизнис–процеси на АКН треба да бидат разгледани и ревидирани, посветувајќи внимание, меѓу другите работи, и на финансискиот менаџмент, контролата на квалитетот и на ориентацијата кон корисниците.
2. Физибилити план за производство на дигитални планови
Еден од највисоките приоритети во АКН е процесот на производство на дигитални планови. Произведените планови во последните години не биле (систематски) одржувани и АКН нема план за процесот на ажурирање на плановите, за конверзијата во дигитални планови и за тековниот процес на реамбулација (прва регистрација на сопственост).
3. Зајакнување на ИТ-капацитетите
Со цел да се обезбеди квалитетна услуга за корисниците, прв приоритет за АКН е да се подобри ИКТ-системот. Сеопфатна ИКТ-стратегија е развиена на почетокот на 2008 год., а веќе се обезбедени ограничени веб-услуги за корисниците. Наредниот чекор би бил да се ревидира ИТ-стратегијата, да се изготви нацрт-план за имплементација и да се подобрат ИТ-капацитетите во АКН.

Project description G2G08mk81-mak

Project description G2G08MK81[2]