Реализирани проекти » Проект ИНСПИРАЦИЈА

Проект ИНСПИРАЦИЈА

Инфраструктура на просторни податоци во земјите од Западен Балкан – ПРОЕКТ ИНСПИРАЦИЈА

http://www.inspiration-westernbalkans.eu/

Развојот на модерните европски трендови на полето на земјишната администрација ја наметнуваат потребата од развој на меѓугранична, регионална соработка со земјите од соседството, особено ако се има предвид иницијативата на европската комисија за развој на Европска инфраструктура на просторни податоци надвор од националните граници на секоја земја.

Целта на проектот е да ја промовира инфраструктурата на просторни податоци (ИПП) и дополнително да ја координира нејзината имплементација во земјите од Западен Балкан, со  цел да се подготват/едуцираат во функција на имплементација на директивата Inspire.

Генерално, проектот има цел да ги постави основните предуслови за одржливост на инфраструктурите на просторни податоци во регионот, како што е развојот на јавната свест, промена во легислативата, обуки, размена на искуства и знаење итн., со цел развој на поволно опкружување за точни, ажурни, висококвалитетни, добро структурирани и пристапни просторни податоци во локалните, регионалните и државните административни тела во земјите од Западен Балкан.
Корисници на проектот се земјите од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Република Македонија, Црна Гора, Србија, Косово*под UNSCR 1244/99.

Финансиски средства: Проектот е финансиран од Европската унија во вредност од 1.500.000 евра.
Време на имплементација: 2012 – 2014 година.

Земајќи предвид дека се работи за регионален проект, самата проектна организација подразбира добра координација со сите институции за картографија и катастар од регионот. Оттаму, кон крајот на ноември 2010 година беше формиран и Управен одбор на проектот кој е  составен од директорите на националните катастри од регионот.
Главни корисници на проектот се државните институции за картографија и катастар (ДИКК/NMCAs), како главни координатори и фокусни точки.
Секундарни корисници се универзитетите кои обезбедуваат едукација за премер, геодезија и геоматика; министерствата за животна средина.
Терцијарни корисници се засегнатите страни за НИПП, владините институции, локалната самоуправа, приватниот геодетски сектор  итн.

Aктивностите кои треба да се спроведат под овој проект се:
•  Поддршка на годишните регионални катастарски студии, поддршка во организирање на годишните регионални конференции за катастар;
• Регионална инфраструктура на просторните податоци и Студија за едукација на земјишната администрација;
• Анализа за регионалната легислатива на инфраструктурата на просторни податоци;
• Финален извештај за развојот на модерната земјишна администрација во регионот;
• Регионално воспоставување на инфраструктурата на просторни податоци, извештај со препораки;
• Регионален извештај за инфраструктурата на просторни податоци, капацитетите за земјишна администрација и препораки за едукација;
• Легислатива на земјите за инфраструктура на просторни податоци, препораки и нацрт-верзија;
• Поддршка во организирањето на градење на капацитетот и едукација на полето на мерење, геоматика и конференција за инфраструктура на просторните податоци;
• Организација на  семинари за спроведувањето на INSPIRE  и неговата релевантност за секое општество;

•  Организација на работилници во секоја вклучена земја за спроведување на темите во однос на анализата за испорака и за препораките.

Кампања за подигнување на јавната свест во секоја земја околу инфраструктурата на просторните податоци и реформата за земјишната администрација во однос на условите.

Final Report INSPIRATION.pdf

Project Fiche Inspiration SDI WB.doc

Project Fiche Inspiration SDI WB MK.doc