Реализирани проекти » Проект „Инспирација“ (INSPIRATION)

Проект „Инспирација“ (INSPIRATION)

Натпревар на идеи

Развојот на модерните европски трендови на полето на земјишната администрација ја наметнуваат потребата од развој на меѓугранична и регионална соработка со земјите од соседството, особено ако се има предвид иницијативата на Европската комисија за развој на европска инфраструктура на просторни податоци надвор од националните граници на секоја земја.

Целта на проектот е да ја промовира инфраструктурата на просторни податоци (ИПП) и дополнително да ја координира имплементацијата во земјите од Западен Балкан.

Генерално, проектот треба да ги постави основните предуслови за одржливост на инфраструктурите на просторни податоци во регионот, како што се развојот на јавната свест, промена во легислативата, обуки, размена на искуства и знаење итн., со цел развој на поволно опкружување за точни, ажурни, висококвалитетни, добро структурирани и пристапни просторни податоци во локалните, регионалните и државните административни тела во земјите од Западен Балкан.

Корисници на проектот се земјите од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Република Македонија, Црна Гора, Србија, Косово*под UNSCR 1244/99.

Едукативен спот

Брошура за НИПП

Просторните податоци станаа важен дел од нашиот секојдневен живот. Осумдесет проценти од сите зачувани податоци содржат географска или просторна референца. Без неа не би можеле да резервираме лет за годишен одмор, да провериме временска прогноза, ниту на радио да слушнеме извештај за состојбата на патиштата.

Повеќе информации за просторните податоци  ќе најдете во брошурата.

 

Повеќе информации за проектот тука.