Реализирани проекти » Проект „Изработка на Стратегија за НИПП”

Проект „Изработка на Стратегија за НИПП”

 Како дел од билатералната програма за поддршка на земјите-кандидати на Европската унија, Холандската влада ù додели донација на Агенцијата за катастар на недвижности (АКН), во висина од 200.000 евра.

Донацијата е резултат на досегашната успешна соработка помеѓу АКН и Холандскиот катастар и ќе биде фокусирана на обезбедување поддршка во развојот на Стратегија за Национална инфраструктура на просторни податоци (НИПП). НИПП е рамка на просторни податоци, метаподатоци, корисници и алатки кои се интерактивно поврзани и има цел користење на податоците на ефикасен и флексибилен начин.

Стратегијата ќе ги дефинира активностите кои ќе водат кон креирање на инфраструктурата на геопросторни податоци на национално ниво, усогласени со европската инфраструктура и стандарди за геопросторни информации (ИНСПИРЕ).
Во рамките на стратегијата се поставени неколку цели кои треба да овозможат трансформирање на моменталниот начин на споделување на геопросторните податоци во функција на подобрување на економскиот развој.
Цели на стратегијата Моментален статус Идна состојба
Дефинирање на јасна цел Различни перспективи и сфаќање на целта на НИПП Унифицирана стратешка мисија и визија која ќе ги ангажира корисниците и преку која ќе се реализира нивната заемна корист
Бизнис случај Недефинирана општествена и политичка вредност на НИПП и недефинирани бенефиции од НИПП кај засегнатите страни Јасен бизнис-случај кој ќе ја артикулира заемната корист кај засегнатите страни, добро дефиниран модел за бизнис и за финансирање кој ќе овозможи ефикасно партнерство со јасни трошоци и бенефиции
Владина структура Неформално конституирано тело за управување и координација со НИПП За дефинирана управувачка структура со урамнотежена застапеност, потребно е добивање политички ангажман и координација на заедничките активности и соработка со приватниот сектор
Правна рамка Структуриран закон за создавање на НИПП Дефинирана правна рамка со која ќе се разјаснат улогите, и одговорноста и споделувањето на податоците
Интероперабилна инфраструктура Податоците тешко се пронаоѓаат, набавуваат и се користат поради различните стандарди и услови во кои се создадени податоците Хармонизирана и стандардизирана основна инфраструктура која ќе овозможи лесен пристап и пронаоѓање на просторните податоци и нивно користење на поефикасен и поефективен начин
Градење на капацитетите Ограничена совест и знаење за предностите и подобрувањето на интероперабилноста и транспарентноста. Ограничени технички капацитети за имплементација на НИПП Подобрено знаење, свест и ангажирање на сите засегнати страни, зголемување на степенот на соработка и заедничка работа во корист на двете страни
Имплементациски план Моментално не постои јасен патоказ во кој е дефинирано што треба да се направи и како да се создаде НИПП Дефиниран план за имплементација со прегледна програма, дефинирани улоги и одговорност со ефикасни мерки за следење и управување со евентуалните ризици

Проектната имплементација започна во декември 2010 година и се планира да заврши до јуни 2012 година.

Покрај АКН, во проектот активно ќе бидат вклучени и претставници од министерствата и науката.

NSDI стратегија

PAC-meeting 14-dec-2010 Macedonia.ppt

G2G-Long-2010-_Macedonia_27-01-10final.pdf